Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укина на Јакимовски мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост, по предлог на надлежен јавен обвинител кој побарал ублажување на мерката.
„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот.
Судот му одреди мерка куќен притвор на Јакимовски во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата Илинден.
, Јакимовски додека бил градоначалник, извршил легализација на земјиште со што е намалена цената на државен имот. Првичната оценка на одделот за организиран криминал е дека со злоупотреба на положбата се проневерени еден милион евра, а тоа е разликата меѓу реалната цена и продажбата преку процесот на легализација. Станува збор за земјиштето кај ресторанот Имес во Карпош 4. Покрај тоа, Јакимовски се сомничи и за злоупотреба при јавни набавки затоа што набавувал жертењери со цвеќе од фирми без банкарски гаранции, иако тоа според истрагата било во надлежност на град Скопје.
Јакимовски во август 2018 доби мерки на претпазливост за истрага отворена од обвинителството за злоуптреба на службената положба. Од октомври минатата година тој е осомничен во истрага на СЈО, „Хармонија“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.