
Македонија
Вести
Точно во 1 час по полноќ на барање на финансиската полиција поранешниот градоначалник на општина Карпош и претседател на политичката партија ГРОМ Стевчо Јакимовски е лишен од слобода.
Според адвокатот на Јакимовски одлуката е точна и официјална со што започнува да тече рокот од 24 часа до кога неговиот клиент треба да биде изведен пред надлежен судија од кој веќе се бара да му биде изречена мерка притвор.
Јакимовски претходно изјави дека финансиската полиција барала документација за три предмети т.е. три тендери. Од кои два за општинските бараки во Карпош а еден за плоштад во Жданец.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.