Стефанова денеска сведочеше како течела истрагата за „Империја”.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 11:18

Стефанова: Чудно е од каде Камчев знаеше за претресот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По два пати одложување, денеска конечно обвинителката Лиле Стефанова сведочи пред Кривичниот суд за случајот „Рекет”.

Обвинителката Лиле Стефанова пред неколку месеци преку соопштение објавено на СЈО информираше дека помеѓу неа и Катица имало несогласувања.

Стефанова денеска сведочеше како течела истрагата за „Империја”.

– Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес. Истражителите дојдоа во 6 сабајле, Камчев ги дочека облечен и подготвен. Таму беше и Зоран Милески Кичеец, а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана. Кога се вршеше претрес во „Орка Холдинг“, канцелариите веќе беа исчистени, а таму чекаа Михајло и Филимена Маневски.

Стефанова пред судот рече дека речиси секогаш обвинетите во случајот Империја, го знаеле следниот чекор на обвинителството. Таа додаде дека Камчев се обидувал да влијае преку политичари, емисари, обвинители, судии, бизнисмени.

– Тие обиди за влијание тогаш беа безуспешни. И кај мене и одговорно тврдам дека и кај Катица Јанева, која не покажа дека сака да ја подобри положбата на овие лица – рече Стефанова.

Претходно Стефанова во судницата на почетокот на судењето рече дека не е скарана со Катица Јанева, но дека не е во добри односи.

На денешното рочиште не се појави обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска. На нејзино место таа пратила замена, па сведокот Лиле Стефанова го испитува обвинителката Гордана Смаѓоска од истото обвинителство. 

Иако денеска не се појавија двајцата адвокати на Јанева, сепак присутна е Ирена Фрчкоска. Другиот бранител Дељо Кадиев повторно не се појави на рочиштето. Поради адвокатите на Јанева судењето се одложуваше два пати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ НА ИНВЕРТЕРИ (АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ СЕ ВРШИ САМО ОНЛАЈН)

Град Скопје вчера го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за...

Станува збор за опомена пред поднесување на тужба за клевета. Според закон, мора првин да се испрати опомена, пред да се поднесе тужба. Мене не ми е јасно според мене е недозволиво, обвинител, па сега и судија да се ставаат во предизвоборна политичка кампања.

Рускоска за ТВ21: Испратив опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Вилма Рускоска до партијата ВМРО-ДПМНЕ испратила опомена бидејќи таа...

Тој вели дека народот не ја дозна вистината, затоа што сето тоа било едно големо сценарио, една голема лага, само за Заев да ја претстави власта како монструозна и брутална за да ги добие гласовите од граѓаните и потоа да и направи на Македонија сето она што и го направи. Продавање на идентитет, име, економски колапс и што уште не.

Јакимовски: Убиствата на Младенов, Нешковски, Смилковско беа големо сценарио на Заев за добивање гласови, граѓаните беа излажани, а вистината не ја дознаа

Зошто и ден денеска не се расчистуваат убиството на Никола Младенов и на Мартин Нешковски,...

Во својот говор вчера, лидерот на ДУИ Али Ахмети се осврна на дејноста на македонскиот револуционер Гоце Делчев и кажа дека треба да се следи неговиот пример, бидејќи тој соработувал со албански патриоти и заедно работеле со Македонците, за да ги решаваат проблемите на младите

Ахмети: Следете го примерот на Гоце Делчев- тој соработуваше со албанските револуционери!

На вчерашната трибина во Скопје, албанската партија ДУИ продолжи да ја промовира својата...