Во Годишниот извештај на Стејт департментот Владата со низа критики

Објавил: Узунов Бобан | 14 март, 2019 12:51

Стејт Департментот до Владата: Имате проблем со корупцијата

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Република Македонија има напредок во медиумите и судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата, се наведува во најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент, објавува Нова тв.мк.

Владата на Македонија во 2018 година презела активности да истражи, обвини и казни полициски официјални лица кои направиле злоупотреби додека властите во земјата имале ефективна контрола врз безбедносните служби, но сепак постои високо ниво на корупција, се вели вo извештајот.

– Државните затвори и притвори не успеале да ги имплементираат меѓународните стандарди и во некои случаи, согласно извештајот за превенција од тортура на Советот на Европа од октомври 2017 година, условите би можеле да се опишат како сурови, нехумaни и деградирачки, се вели во извештајот.

Се додава дека затворите и натаму се соочуваат со недостиг на финансии, нессодветна обука на полициски офицери и корупција.

Извештајот укажува дека Народниот правобранител открил оти истрагите на властите во врска со обвинувањата за малтретирање и злоупотреба на затворениците генерално биле неефикасни.

-Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години. Во повеќето случаи, на барање и на Јавното и на Специјалното обвинителство, судот одредил превентивни мерки наместо притвор за осомничените, стои во годишниот извештај.

Се наведува дега во 2018 година властите покажале поголема почит кон независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.


Ограничената независност на судството, политизацијата на судскиот надзорен орган и недоволните финансии се понатамошна пречка за работата и ефикасноста на судовите, оценува Стејт департментот.


Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење.

Во врска со случувањата во Парламентот од април 2017 година и судската разврска на случајот се вели дека 33 лица биле обвинети за „тероризам и загрозување на уставниот поредок“. Понатаму стои дека „опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека обвиненијата против 33 лица, вклучувајќи и членови на Парламентот, биле политички мотивирани и преувеличени. Нема доказ дека Владата одбила пристап до овие затвореници на хуманитарните организации и од групите за човекови права“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Според Илиевски, тврдењата на Вучиќ за реализација на „македонско сценарио“ во Србија се класична демагогија и дезинформации.

Илиевски: „Ако Вучиќ го сака Груевски, нека појде Будимпешта и нека се напијат кафе заедно“

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илиевски вчера во гостувањето...

„Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје,

Русија го призна новото име Република „Северна„ Македонија

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Русија...

Како вокална поддршка Тамара ќе ги има извонредните гласови на Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

На евровизиската сцена Тамара ќе настапи со уште две прекрасни дами (ФОТО)

Тамара Тодевска на 16 мај ќе ја претставува нашата земја на сцената на „Евровизија“...

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување на пратениците во наредните две години. 

Собранието ќе потроши 422 илјади евра за хотелско сместување и авиобилети за пратениците

Распишани се два тендера во висина од по 211 000 евра за авио билети и хотелско сместување...