Последните зборови на Стив Џобс: Кога човек влегува во операционата сала, тој сфаќа дека постои една книга која сѐ уште не ја прочитал: „Книгата на здравиот живот.“

Објавил: Македонка Димкин | 10 февруари, 2019 21:36

Стив Џобс: Можеш да најдеш некој кој ке работи за тебе, но нема да најдеш никој што ќе ја носи болеста за тебе

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јас го достигнав врвот на успехот во светот на бизнисот. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Но, надвор од работата јас имам малку задоволство. На крајот, богатството е само факт на кој сум се навикнал. Во овој момент, лежејќи болен и навраќајќи се на мојот живот, сфаќам дека сето тоа признание и богатство со кои толку се гордеев, избледеа и станаа безначајни пред лицето на смртта. Можеш да вработиш некој да го вози автомобилот наместо тебе, да прави пари наместо тебе, но не можеш да најдеш некој кој ќе ја носи болеста наместо тебе. Изгубените материјални работи можат да се најдат. Но, има една работа која никогаш не може да биде најдена откако еднаш ќе биде изгубена, а тоа е животот.

Кога човек влегува во операционата сала, тој сфаќа дека постои една книга која сѐ уште не ја прочитал: „Книгата на здравиот живот.“

Не е важно во кој период од животот сме во моментот, затоа што со текот на времето, сите ќе се соочиме со денот кога завесите ќе се спуштат. Сакајте го своето семејство, пријатели, партнери. Однесувајте се добро кон себеси.

Како што старееме и стануваме помудри, сфаќаме дека исто е дали носиме часовник од 300 или 30 долари – и двата часовници го покажуваат истото време.


Стив Пол Џобс  бил соосновач и директор на Епл. Помеѓу 1986 и 2006 година, Стив Џобс бил директор на студиото за анимирани филмови, Пиксар. Откако Дизни го купи Пиксар во 2006 година, Стив Џобс е најголемиот акционер, а бил и еден од членовите на акционерскиот одбор на Дизни.
Ликот и однесувањето на Џобс допринеле кон создавањето на митот на невообичаени ексцентрици и бизнисмени од Силициумската долина. 
Стив Џобс и соосновачот на Епл, .Откако Џобс бил протеран од акционерскиот одбор на Епл во 1985 година, тој го основал Некст, компанија која развивала компјутерски системи наменети за образовните и деловните пазари. Во 1997 година, Епл го купил Некст и Стив Џобс повторно бил назначен за директор на Епл, функција која ја држел се до август 2011 кога поради здравствени причини поднел оставка.
Починал на 5 октомври 2011 од рак на панкреасот.

Без оглед на тоа дали возиме автомобил од 150.000 долари или автомобил од 30.000 долари, патиштата и далечината се исти и стигнуваме на истата дестинација. Без оглед на тоа дали имаме паричник од 300 или 30 долари, парите во него се исти. Без оглед на тоа дали пиеме вино од 300 или 10 долари, мамурлукот е ист. Без оглед на големината на куќата, осаменоста е иста. Ќе сфатите дека вашата внатрешна среќа не доаѓа од материјалните работи на светот. Без оглед на тоа дали летате со прва класа или не, ако авионот паѓа и вие паѓате сонего…

Затоа, се надевам дека сфаќате дека кога имате другари, браќа и сестри со кои зборувате, се смеете, пеете и зборувате за страните на светот или рајот и пеколот – тоа е вистинската среќа.


5 непоколебливи факти за животот:

Не ги учете децата да бидат богати. Учете ги да бидат среќни. И кога ќе пораснат ќе ја знаат вредноста на работите, а не нивната цена.

Третирајте ја вашата храна како лек, инаку ќе мора лековите да станат ваша храна. Оние кои ве сакаат никогаш нема да ве остават, затоа што дури и да имаат 100 причини да си заминат, секогаш ќе најдат барем една за да останат.

Постои огромна разлика меѓу тоа да бидеш дел од човештвото и да бидеш човек. Малкумина ја разбираат.

Вие сте сакани од моментот кога сте родени. И ќе бидете сакани и кога ќе умрете. А она што е помеѓу – зависи до вас!

Кои се шесте најдобри доктори на светот?

Сончева светлина, Одмор, Вежбање, Исхрана, Самодоверба, Пријатели

Имајте ги овие шест работи во животот и ќе имате прекрасен живот!

Бог нека ве благослови!

Последните зборови на Стив Џобс, основачот на Епл кој почина од рак на 56 годишна возраст

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Ишијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, исто така настанува и поради неправилното одење и седење,

Ишијас – симптоми, дијагноза и лечење

Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е...