Прелиминарните тестови на германската канцеларка Ангела Меркел покажаа дека таа е негативна на вирусот „Ковид-19“, изјави денеска портпаролот на германската влада.
Тој рече дека Меркел ќе биде тестирана пред да остави самоизолација, пренесува Ројтерс.
Германската канцеларка од вчера е сместена во домашна изолација откако се утврди дека била третирана од лекар за кој во меѓувреме се востанови дека е заразен од новиот коронавирус.
Портпаролот на германската влада потврди дека канцеларката Ангела Меркел од вечерва е во домашен карантин и од таму ќе ги извршува државничките обврски.
„Канцеларката одлучи да се смести во домашна изолација веднаш. Ќе биде секојдневно тестирана во следните денови и ќе работи од дома“, соопшти владата.
Лекарот, за кој подоцна се утврди дека е заразен со Ковид-19, во петокот ја посетил Меркел за да ја вакцинира против бактерија на пневмокока.
Ќе биде потребно време за да се утврди дали и канцеларката е заразена, затоа што тестот во моментов нема да биде дефинитивен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.