Пристигнаа Фајзер вакцини!

Објавил: Перо Милчин | 20 април, 2021 6:33

СТИГНАА 10.530 ВАКЦИНИ НА ФАЈЗЕР, КУПЕНИ СО ДИРЕКТНИ ПРЕГОВОРИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека вчера попладне стигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19.

Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, информираат од Министерството за здравство.

Претходно, беше најавено дека втората пратка од „Фајзер“ со уште 10 илјади вакцини треба да пристигне на 26 април, со што нашата држава треба да добие вкупно околу 20.000 вакцини од овој производител!

Околу 13 000 граѓани се вакцинирани со вакцината на Астра Зенека, останатите се прераспределени по институциите и пунктовите ширум државата. Во салата Борис Трајковски во тек е вакцинација на постарите граѓани над 73 и 74 годишна возраст со нешто редуцирани термини во однос на тоа што беше претходно со оглед на тоа што многу често и не доаѓаат сами потребна им е придружба. Вкупно се вакцинирани околу 35.000 граѓани заклучно со вчерашниот ден, истакна Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...