Вечерва публиката ќе ужива во Љубљана

Објавил: Калина Мартинска | 22 септември, 2024 14:28

Стоечки овации за ансаблот „Танец“ во Подгорица

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, во саботата, на 22 септември, го одржа првиот концерт од балканската турнеја.

На сцената на Културно информативниот центар „Будо Томовиќ, Танец со својот музичко-сценски колаж, на исклучителен начин ги пренесе духот и убавината на традиционалната македонска култура, создавајќи посебно доживување за бројната публика, која го исполни аудиториумот до последното место. Во рамките на концертот беше изведена богата музичко-сценска програма, која започна со церемонијата на интонирање на македонската и црногорската химна, интерпретирани од  првенката на Танец, Сузана Спасовка и Марина Цуца Франовиќ. Добредојде на ансамблот Танец, на директорката Весна Митевска и сите присутни видни гости им посака актуелниот амбасадор на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, а концертната вечер во чест на Танец ја отвори домашниот фолклорен ансамбл „Будо Томовиќ“. Потоа се нижеа Тешкото, Женско чамче, Копачка, Мариовска тресеница, Радовишки собор, Жетварка, Малешевка, како и низа прекрасни вокални и инструментални сплетови од ризницата на Танец.

Во прилог е изборот на фотографии на КИЦ „Будо Томовиќ“ и Секретаријатот за култура на градот Подгорица, кои говорат за свечената атмосфера на концертот и одушевеноста на присутните од македонскиот фолклор, вешто пренесен од ансамблот Танец.

На следниот линк можете да најдете цела галерија фотографии од овој концерт:

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=www.tanec.mk&set=a.992159119377555

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...