Изразувањето сочувство е едно од правилата за добро однесување, кое произлегува од домашно воспитување и општествената норма што треба да се почитува, особено ако сте носител на важна и одговорна функција во државата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 ноември, 2020 11:18

Стоилковиќ: Срамно однесување на Заев и Пендаровски по смртта на српскиот патријарх Иринеј!

Фото/Текст извор: ©во центар

Претседателот на Демократската партија на Србите и пратеник Иван Стоиљковиќ остро го критикуваше државниот врв на Македонија затоа што не испрати сочувство до државниот врв на Србија по повод смртта на поглаварот на Српската православна црква, српскиот патријарх Иринеј.

Во авторскиот текст со наслов „Каде ви е домашно воспитување”, За порталот „Србија.мк“, Стоилковиќ им се обрати на македонскиот претседател Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев, истакнувајќи дека нема вода што може да го измие нивното срамно однесување.

Изразувањето сочувство е едно од правилата за добро однесување, кое произлегува од домашно воспитување и општествената норма што треба да се почитува, особено ако сте носител на важна и одговорна функција во државата.

Но, кога не постои елементарно домашно воспитување и минимум сериозен однос кон функцијата што ја извршувате се случува тоа, што во Република Македонија се случува веќе во серија, да со своето крајно мизерно однесување, предизвикувате понижување на секој чекор.

По ваквото однесување, треба да се каже дека не постои вода што може да го измие вашето срамно однесување, а лажните спинови дека некој друг е виновен, а не дека сте вие двајцата лично, Пендаровски – Заев, виновни за „нивото“ на односите меѓу двете држави и народи. Ниту на Путин, ниту на Помпео, ниту на Макрон, далеку поважни политички лидери, не им се случи да не им изразат сочувство на нивните колеги од Србија и на српскиот народ по повод смртта на патријархот на Српската православна црква Иринеј,а на вас како на најблиските соседи, и православци, ви се случи.

Сведоци сме дека претходното раководство не само што не се двоумеше да изрази сочувство, туку и тогашниот претседател Иванов лично присуствуваше на погребот на патријархот Павле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани...

Таа е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

Јанкулоска во „Таргет-Тврдина“: Не знаела дека потпишува уништување на опремата за прислушување

Судското рочиште на кое сведочат обвинетите во „Таргет-Тврдина“ е во тек. Во моментов...

Тој рече дека ова е договорено утрово во разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одговорил на нашите барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“.

Заев: Србија ќе ни даде 8000 Фајзер вакцини

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне...