Тој потенцира дека Павле Богоевски го загуби кредибилитетот

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2019 21:23

Стоилковски: Богоевски го загуби кредибилитетот и го наруши угледот на Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролот на опозициската ВМРО, Наум Стоилковски потенцираше дека аферата Половина грам Кокаин каде главен лик  е Павле Богоевски е многу сериозна, а власта си игра играчки.

Стоилковски потенцираше дека Богоевски ја посрамоти функцијата пратеник

-Полицијата и обвинителството мора да започнат сериозни истраги: со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени? Потоа, во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат? Што се’ можело и може да заврши во раце на криминалните мрежи? Полицијата и Оливер Спасовски како министер мора да престанат со небулози и со бркање на таксисти додека можеби се тргува со класифицирани документи или сознанија од нив! Ова не смее да се сведе на политичка игра и да заврши како низа други афери со кои се поврзува МВР! Јавното обвинителство на невидливиот Љубомир Јовески мора да излезе од политикантството и да започне сериозна истрага! Ако молчи за прислушувањето во ОЈО,  за оваа сериозна афера мора да се реагира, додава Стоилковски.

Стоилковски изјави дека Павле Богоевски со оваа афера, го загуби кредибилитетот, и како што вели мора да престане да се крие зад такси возачи или било кои други кои ќе му се најдат на патот надвор од Собранието!

Одлуките кои се носат во Собранието мора да бидат доносени со чиста свест и целосна одговорност. Богоевски не е ништо повеќе од било кој друг граѓанин кој што бил фатен дека тргува на црниот пазар.Богоевски го наруши угледот на Собранието и функцијата пратеник, и го повреди Етичкиот кодекс за однесување донесен во процесот наречен Жан Моне, заедно со европратеници. Богоевски, итно, сам, повлечи се од Парламентот! Со тоа што тргуваш на нарко пазарот, ги прекршуваш сите етички, морални човечки норми. Исто така, веднаш повлечи се од комисиите каде си со тоа што поседуваш безбедносен сертификат, а понатаму на свој трошок побарај испитување во МАНУ извршено преку влакно од коса и тоа веднаш! Резултатот од тестирањето сепак не те амнестира од соработка со нарко подземјето, а со тоа и од неподобноста, недостојноста за пратеничката функција, вели Стоилковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...