Македонија
Вести
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја отвори вечерашната програма на плоштадот „Македонија“, кога ракометарите на Вардар од парадниот автобус се преселија на главната бина.
Стоилов им заблагодари на своите соиграчи и кажа дека тие се најдобрите амбасадори на земјава. Тој рече дека голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат за Македонија.
„Еј луѓе, ова вторпат го велам: „Скопски Вардар е европски првак!“
Продолжи со комплименти за сите свои соиграчи.
„Овие што ги гледате зад мене, овие се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си одат во нивните држави и ќе кажуваат. Си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте, најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија!“, додаде Стоилов.
Илјадници граѓани со громогласен аплауз на плоштадот „Македонија“ во Скопје ги пречекаа нашите ракометари кои вчера, по втор пат, го освоија најелитното ракометно натпреварување.
Во многу еуфорична атмосфера и возбудлив глас, на плоштадот во Скопје обоен во црвено-црно ракометарите пееја заедно со граѓаните. Автобусот со нашите ракометари помина низ Триумфалната порта исто како и пред две години кога РК Вардар за првпат ја освои европската шампионска титула.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.