
Спорт
Ракомет
Вардардарци уште еднаш покажаа зошто Македонија треба да е горда на својот првак. Денеска со неверојатна игра во второто полувреме Вардар ја победи Барселона, и слободно може да кажеме дека македонскиот тим повторно застана на нозе. Со неверојатна победа над Барселона, вардарци утре ги очекува финалниот натпревар со Веспрем каде ќе се бори за шампионската титула.

Сите пофалби одат на контото на капитенот Стојанче Стоилов кој и денеска уште еднаш покажа како се сака Вардар. Тој ги предводеше своите колеги на теренот а за првото полувреме од мечот вели дека било неправедно и дека нивното искуство и квалитет на крајот излезе на површина.
Откако Вардар успеа да обезбеди триумф над Барселона сега е јасно дека утре не очекува тежок натпревар, но Вардар ќе ја покаже својата големина и машки како и до сега ќе се бори за титула.
„Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона. Затоа сега Веспрем треба да мисли за нас,а не ние за нив. Веспрем има поголем ростер, но еден натпревар е. Колку и да си изморен во 60 минути можеш да вложиш максимум, а потоа ќе има време за одмор“, коментираше капитенот на Вардар.
Иако нашите шампиони во еден момент губеа со седум голови разлика (26:19), до крајот на натпреварот направија чудо и победија со резултат 27:29. Утре сите заедно да стискаме палци и да навиваме за Вардар, да ги бодриме нашите момци кои пишуваат историја.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.