Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците

Објавил: Калина Мартинска | 30 јули, 2024 14:33

Стоиљковиќ открива скандал во Министерството за политички систем – Груби надводно ги снимал и следел вработените

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби наводно незаконски ги снимал и ги следел своите вработени преку надзорни камери. Новиот министер Иван Стоиљковиќ за Канал 5 потврди дека биле направени проверки и биле утврдени „некакви неправилности“. Тој посочи дека е ангажирана фирма која се грижи за системот која забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи.

Канал 5 објави дека на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска.

Наводите за „незаконски дејствија“ во Министерството додека со него управуваше Артан Груби, ги потврди и новиот министер Иван Стоиљковиќ кој посочи дека случајот е предадени на истражните органи.

Надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така што некој констатно од различните ип-адреси влегувал во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму. Фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила тоа и го дала во својот извештај, со докази нормално. Ние тие докази ги проследивме до управата – изјави Стоиљковиќ.

Стоиљкович не ја исклучува можноста во овие дејствија да бил вклучен и Груби како министер.

– Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, сѐ е можно – вели новиот министер.

 

Канал 5 стапил во контакт со поранешниот министер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарекол апсолутна невистина и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи тој на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.