Ги поминал лекарските прегледи

Објавил: Калина Мартинска | 22 мај, 2024 15:36

Столе Димитриевски ќе го брани голот на Валенсија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Валенсија.

Бројни шпански медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал 4-годишен договор. Тој објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“. Според неговите информации неговиот договор ќе биде со важност до 2028 година, а Димитриевски ќе биде прв голман на Валенсија

Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано и од стадионот„Ваљехас“ ќе си замине како чувар на мрежата со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.

Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен кумановецот по 192-ри пат ќе застане на голот на Рајо.

 

Димитриевски долго време е незаменлив меѓу стативите и се вбројува меѓу најдобрите голмани во Примера, а со настапот на мечот против Гранада стана голман со најмногу одиграни средби во историјата на Рајо. Нашата „единица“ влезе во клупските легенди и го надмина досегашниот рекордер, Нигериецот Вилфред Агбонавбаре, кој го носеше дресот на Рајо 189 пати.

Македонецот сега има еден настап повеќе од него, но не се знае дали уште повеќе ќе ја зголеми оваа бројка, затоа што силно се шпекулира дека е пред трансфер во друг клуб од Примера или во некој од саудиските клубови.

Столе Димитриевски пристигна во Рајо од екипата на Химнастик, а претходно настапуваше уште за Работнички, Гранада и Кадиз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.