Македонија
Политика
НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа.
Ратификацијата на Преспанскиот договор, почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред.
Според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес за договорот помеѓу Грција и Република Македонија.

„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“. – стои во текстот на „Катемирини“.
Според најавите на опозициската ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во последната фаза од уставните измени. Очекувањата од аналитичарите се дека без опструкции и одолговлекување ќе бидат усвоени измените за кои двотретинското мнозинство веќе е обезбедено.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.