Поранешниот осомничен шпион на КГБ, актуелен Генерален Секретар на НАТО, Столтенберг од Србија порача дека избори нема, Собранието ќе ги изгласа уставните измени од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 13:48

Столтенберг призна, ништо не ни смета, но името Македонија мора да го нема

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска порача дека нема план Б за Македонија, и призна дека проблем е само името.

Според Столтенбег земјата сега има можност која се случува еднаш во животот и дека може да стане членка на НАТО само ако го прифати договорот со Грција.

Цврсто верувам дека она што земјата треба да го направи сега е да донесе одлуки за натамошните чекори. На Владата и на Собранието е да ги донесат тие одлуки. Да решат како ќе одат напред, како да реагираат на референдумот и на сите политички импликации и последици што тој ги донесе. – изјави Столтенберг кој денеска е во посета на Србија.

Генералниот секретар на НАТО нагласи дека ако демократските институции во Скопје одлучат да го спроведат во целост договорот со Грција, тогаш НАТО е подготвен брзо да ја прифати Македонија како своја 30 членка.

Можеме брзо да пристапиме кон потпишување на протоколот за членство, многу бргу по промената на името. Останува на демократски избраните институции во Македонија дали ќе го прифатат и ќе го применат договорот за името. Ние сме подготвени да ја прифатиме земјата како нов член. – истакна Столтенберг.

Повтори дека не постои план Б или некаква друга алтернатива за членството на Македонија освен спроведувањето на договорот со Грција.

Нема членство без договорот за името. Единствен начин за членство е земјата да се договори со Грција околу спорот за името. Затоа ние го поздравивме договорот меѓу двете земји. – изјави Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО вели дека Алијансата нема да ја принудува Македонија да донесува одлуки, бидејќи станува збор за суверени одлуки на една суверена земја.

Но, ова е прилика што се случува еднаш во животот. Имаат можност и треба да го искористат овој историски момент. – порача Столтенберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Со 408 од 519 гласа Силјановска Давкова доби голема поддршка како претендент за претседател на Република Македонија.

Официјално Гордана Силјаноска кандидат за претседател на Македонија

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ја избраа Гордана Силјановска Давкова за свој претседателски...

Очигледно Апасиев работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Савески : “Апасиев соработува со ВМРО ДПМНЕ, тој изврши пуч на Левица”

Здравко Савески кој е член на преизидумот на политичката партија Левица и основач...

Сега и официјално сме Северна Македонија, сменивме многу симболи во целата наша земја и секако ја очекуваме првата посета на Алексис Ципрас, можеби во март или април,

Заев : „Ќе слетам во Грција со владиниот авион на кој ќе пишува Република Северна Македонија„

За Независната балканска новинска агенција (ИБНА) премиерот Заев изјави дека, прва...