Македонија
Вести
Македонија е решена да ја постигне целта од два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за одбраната, како што се бара од сите земји членки на Алијансата истакнува премиерот на Република Македонија
» Во 2018 го зголемивме буџетот на нашите одбранбени сили за 14 проценти и остануваме посветени да ја оствариме нашата цел и најдоцна до 2024 да обезбедиме два процента од нашиот БДП да одат за современи армиски сили, кои во секој поглед ќе бидат рамноправни со своите сојузници, изјави денеска премиерот Зоран Заев по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

БДП е збир на вредноста на финалните добра и услуги. Таа вредност се изразува така што вкупните количини на добра и услуги се множат со нивните пазарни цени и всушност се добива вкупната пазарна вредност на ниво на цела економија.
БДП е мера на вкупно произведените добра и услуги. БДП ја одразува вредноста не само на материјалните добра кои задоволуваат чисто физички потреби (храна, облека, станови), туку и на бројните добра кои задоволуваат духовни потреби (книги, филмови, уметнички слики) како и сите услуги.
Зголемувањето на буџетот за воените сили е една од обврските што ги преземаа сите земји членки на Алијансата уште во 2014 година, заложба што ја потврдија на минатогодишниот Самит на НАТО во Брисел.
Зголемувањето на буџетот ќе значи и зголемено учество во воените мисии на Алијансата, истакна премиерот.
» Оваа наша цел ќе ни помогне да го зголемиме нашето учество во мисиите предводени од НАТО, како и нашата партиципација во командните и политичките структури на Алијансата. изјави Заев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.