Манев е роден во Радовиш, но целата кариера ја мина во клубови во Финска во екипите на Клуби 04, Викингит, ПК-35, Хонка, Интер Турку и Кеми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јули, 2018 7:00

Стоперот Манев : Доаѓам за да ја вратиме титулата!

Фото/Текст извор: ©спорт1.мк

Македонскиот стопер Коста Манев и официјално е ново засилување на Вардар, откако црвено-црните денеска го промовираа 25-годишниот дефанзивец како петти новајлија за следната сезона. Станува збор за релативно непознат фудбалер за македонската јавност, кој по седум години во Финска се враќа во Македонија и потпиша договор на една година со опција да го продолжи на уште една.


Манев е роден во Радовиш, но целата кариера ја мина во клубови во Финска во екипите на Клуби 04, Викингит, ПК-35, Хонка, Интер Турку и Кеми.

Вардар е најголемиот клуб во Македонија и јасно ми е дека секогаш очекувањата се високи, а секогаш приоритетите се освојување на титула. Посакувам во новата сезона да ја вратиме титулата онаму каде што и е местото и да стигнеме што е можно подалеку во Лигата на Европа. Доаѓам во клуб, кој лани мина одлично во Европа, а посакувам така да биде и претстојното лето. Очекувам да се вклопам во новиот клуб што е можно побрзо, да ги запознаам моите нови соиграчи и да се вклопам во системот на тренерот на стручниот штаб и неговите идеи. Со напорна работа ќе се обидам да се наметнам, и да дадам придонес Вардар да има успешна сезона“, рече новиот стопер за клупската интернет-страница по промоцијата.

Во Вардар досега официјално беа промовирани Филип Најдовски, Дарко Мицевски, Алекс Талевски и Виктор Јуфо, а се очекува наскоро да бида промовирани и Бразилците Вилијан Лира, Данило Бала, Аргентинецот Николас Херанц, како и голманот Александар Кировски, кој веќе мина дел од подготовките и бранеше на пријателските тест-средби за „црвен-црните“ во Словенија.

Исто така Вардарци денес ја објавија веста дека ја прекинале соработката со Вања Марковиќ, играчот за врска кој лани беше најавен како големо засилување за Вардар , а на крајот беше само едно разочарување повеќе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Трагедијата се случила во Гвадалупе, кога фудбалерот Џoнатан Г. го удрил а потоа и го бутнал на теренот  62-годишниот судија Хуан Ернандес.

Вистински хорор во Мексико: Фудбалер убил судија среде натпревар (ФОТО)

Вистински хорор се случи во Мексико, откако еден фудбалер го уби судијата на сред натпревар.  Трагедијата...

За финалето што ќе се одигра на „Вембли“ на 12 јулидо сега се испратени 714.000 барања за билети, а тоа е скоро осум пати повеќе од капацитетот на стадионот.

ВЕМБЛИ Е МНОГУ МАЛ! Рекордни 28,3 милиони барања за влезници за Европското првенство 2020!

Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) соопшти дека до сега добил околу  28,3 милиони барања...

Тој повторно бил на лекување по што бил пуштен од болница во Болоња. Оваа вест дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, денес ја напушти болницата Сент Орсола предизвика радост во семејството но и кај сите негови фанови.

Борбата со леукемија влегува во нова фаза- болницата во Болоња откри во каква состојба е Синиша Михајловиќ

Минатата година веста дека познатиот тренер Синиша Михајловиќ боледува од леукемија...

Веќе беше најавено сплотување и обединување на македонските навивачки групи, поради историската шанса која е пред Македонија. Навивачите на Вардар, „Комити“ веќе направија настан на Фејсбук и детална организација на денот и заедничко упатување кон стадионот.

„Комити“ го најавија историското сплотување на навивачите – за Македонија!

Репрезентацијата на Македонија го игра својот плејоф натпревар од полуфиналето во...