“Владата може преку своите институции да преговара и со приватните фирми и со приватните банки да се најде решение, бидејќи џабе на луѓето им се пролонгира рокот за исплата, дали една третина, дали една петтина, ако каматите растат до бескрај”, вели Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.

Објавил: Весна Петровска | 21 јануари, 2020 16:50

„Стоп за извршителите“ пред уште една победа во Собранието

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Пратениците ќе одлучуваат за застарување на долговите и отпис на каматите. Овие предлог законски измени влегоа во собраниска процедура. Невладините организации, кои се дел од иницијативата “Стоп за извршителите”, очекуваат пратениците да ги усвојат овие законски измени, што би важеле само за долгови на граѓаните кон јавните комунални претпријатија, објави Сител

“Ние бараме цело време тоа застарување да важи, да биде јасно, да нема застарување во 15-20 години. Значи, да биде јасно, да има отсечка. Дали ќе биде тоа 4,5,7 години застарување од сега за сите побарувања. Значи, правосилни судски одлуки, извршни исправи, било какви други побарувања како нотарски платни налози”, вели Ана Глигорова од непрофитната организација “Човекот над профитот”.

“Од 91 година, во 2017 година доаѓа извршно решение од 2.000 динари, два чека во Југославија, ми доаѓа сума од 120.000 денари. Значи, 27 години”, раскажува еден граѓанин.

“Владата може преку своите институции да преговара и со приватните фирми и со приватните банки да се најде решение, бидејќи џабе на луѓето им се пролонгира рокот за исплата, дали една третина, дали една петтина, ако каматите растат до бескрај”, вели Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.

Собранието веќе усвои дел од барањата на граѓанската иницијатива “Стоп за извршителите”. Сега долговите нема присилно да се наплатуваат од корисниците на гарантирана минимална помош, детскиот додаток или од примањата за социјална сигурност на старите лица.

Освен тоа, од граѓаните чии месечни примања се под државниот просек извршителите ќе им одземаат една петтина, наместо една третина како до сега. Ова важи за сите чија плата е помала од 25.726 денари и за сите пензионери со пензија под 14.598 денари.

Наскоро треба да биде готов и новиот тарифник, со што извршителската награда од сегашните 1.000 ќе се намали на 300 евра. Ова беше причина кон крајот на минатата година извршителите на еден ден да ги затворат своите канцеларии во знак на протест. Иако ги баравме неколку пати, од Комората на извршители до овој момент не добивме официјална изјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Ноќеска полицијата уапси познат криминалец близок до СДСМ

Полициските сили на СВР Скопје вечерва го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец...

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски уште на скали го потпишал законот за ЈО!

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на...

Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат.

МИЦКОСКИ: Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека...

Според Фрчкоски причината за критиките на експертите за законот е во очекувањата дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ тие би добиле нешто од новата власт.

НЕВИДЕН СТИЛ: За Фрчкоски експертите кои го критикуваат законот за ЈО се “ДРОЉИ” И “ТЕТКИ“(ВИДЕО)

Екс министерот за внатрешни и надворешни работи и кандидат за претседател на Македонија...