ВМРО-ДПМНЕ

Објавил: Калина Мартинска | 30 јули, 2024 14:53

Стојаноска: Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот почнува консолидацијата на Република Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2024 година почнува консолидацијата на Република Македонија.Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и  капацитет може да почнат промените на подобро, вели Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот Здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните специјализанти. До крајот на оваа година, македонските болници ќе бидат посилни за 300 млади доктори специјалисти. 300 специјалисти оваа, а 300 догодина ќе бидат соодветно ангажирани во здравствениот систем и на тој начин ќе се зголеми квалитетот на самата здравствена услуга. Докторите нема повеќе да ја напуштаат државата бидејќи таа ќе се грижи за нив, истакна таа.

Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ ќе започне по усвојувањето на ребалансот на Буџетот

Стојаноска вели дека во Ребалансот исто така има обезбедено средства и за проширување на позитивната листа на лекови.

-Прв пат по 15 години, позитивната листа ќе биде проширена и македонските граѓани ќе плаќаат поевтини лекови. Во рамки на првиот пакет реформи во секторот здравство е и укинувањето на економските директори т.е. дуализмот кој не ги даде посакуваните резултати. Ваквата промена со системот на здравствена заштита ќе има позитивни фискални импликации од неколку милиони евра годишно. За крај, во периодот што претстои ќе се заложиме во најбрз можен рок да заврши изградбата и да се пуштат во употреба болниците во Штип и во Кичево кои се од исклучително значење за голем број граѓани од овие региони, истакна пратеничката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...