Па, можеби Зоран Заев е нов Гоце Делчев. Во тој момент кога Гоце Делчев одел по околиските штабови да ги убедува…, изјави Ангелов.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2020 10:35

Стојанче Ангелов: Зоран Заев е нов Гоце Делчев!

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

Во вчерашната емисија „Само вистина“ полицискиот генерал Стојанче Ангелов од Достоинство во дебатата со проф. Димитар Апасиев од Левица  во еден момент го спореди поранешниот премиер Зоран Заев со еден од најистакнатите македонски револузионери Гоце Делчев, овјавува Лидер.мк.

И во тој момент, Ангелов се впушти во авантура, што може да има далекусежни последици, зашто на Апасиев му постави прашање дали Гоце Делчев бил квислинг?

Одоговорот прво беше краток и категоричен – Не!

Но, Ангелов не заврши тука и продолжи:

-Па, зошто се бунел против Илинденското востание?

-Оти имал сенс да процени дека ќе им биде невозможно…

-Па, можеби Зоран Заев е нов Гоце Делчев. Во тој момент кога Гоце Делчев одел по околиските штабови да ги убедува…, изјави Ангелов.

-Ооо, па ти го споредуваш Гоце Делчев со Зоран Заев, дали си ти нормален, неспоредливи работи споредуваш. Јас предавам на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. Па, немој така, навреда за Гоце Делчев да го споредуваш со Зоран Заев, возврати Апасиев.

-Кога Гоце Делчев одел по тогашните штабови на ВМРО и пропагирал против кревање востание..., продолжи Ангелов.

-Во право бил, прерано било, реплицираше Апасиев.

-А, што мислеле тие на кои им велел немојте да кревате востание и сакале да се тепаат. Како гледале на Гоце Делчев, како на предавник, види го овој не ни дава да се тепаме, следуваше, најблаго речено, збунувачката констатација на Ангелов.

-Е, како да не, како на предавник, Делчев бил апостол на ВМРО, со пиетет гледале кон него, возврати Апасиев.

-Затоа што гледал понапред, продолжи Ангелов.

-Кој гледа на Заев со пиетет. Како го споредуваш, сквернавење е за Гоце Делчев и не давам во мое присуство тоа да се прави, да се споредува Зоран Заев со Гоце Делчев, изјави проф. Апасиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...