Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирус, објави Прес 24.
Веста ја откри тренерот на ракометниот клуб Вардар, Стевче Алушовски, а доаѓа само четири дена пред дуелот со Нексе во четвртфиналето во СЕХА-лигата.
Новиот вирус се појави во таборот на актуелниот европски првак и шампион во регионалното натпреварување, па Алушовски обелодени дека капитенот на црвено-црните е заразениот, што е голем хендикеп за мечот со Нексе, зашто Стоилов е многу важна алка во нападот на тимот.
„Стоилов ќе ни недостига многу, зашто е важна алка во нападот, а тој дел од екипата засега ни е најслаб“, вели Алушовски.
Вардарци ги очекуваат резултатите од тестирањето после појавата на коронавирус и се надеваат дека сите останати играчи се негативни за да ги продолжат подготовките за пресметката преку која посакуваат фајнлфор и шанса да го бранат трофејот во Задар на завршниот турнир закажан за идната недела.
„Се надевам дека сите ќе бидеме здрави, ги чекаме резултатите. Прво тоа, па сѐ друго“, додава Алушовски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.