Денеска сакам да дадам изјава поради соопштувањето на цената на пченицата од страна на Министерството за земјоделие и советникот на кабинетот Трајан Димковски бидејќи ја соопшти цената од 10 до 11 денара и кај земјоделците се јави голема реакција.
Реакцијата е поради тоа што тоа не е точна информацијата за цената која што ја соопшти Министерството за земјоделие откупната цена во Овчеполието па и пошироко во државата се движеше од 8 денари до 8 и пол со ДДВ вели Стојчевски Ангелче индивидуален земјоделец и претседател на Овчеполски фармер.
Стојчевски посочи дека советникот на министерот Љупчо Николовски – Трајан Димковски упатил навредливи зборови кон земјоделците кажувајќи им дека тие лажеле за цената.
“Не е точно и го демантирам Трајан дека нашата пченица била сточна пченица наменета за стоката. Тоа не е точно. Како може да заврши за извоз а да биде за сточна храна. Тоа не е точно. Тоа е лажна информација и сакам пред јавноста Трајан Димковски да се извини пред сите земјоделци за навредите дека сме биле лажговци.” – побара Стојчевски.
Стојчевски за ваквите обвинување нагласи дека не е точно додавајќи дека само млиновите во Овчеполието од 5 до 10 проценти ја откупиле пченицата додека рестото на пченицата завршила за извоз односно 80 проценти од пченицата заврши за извоз во Грција.
Навредени замјоделците по неколку дена од изјавата во јавноста го изнесоа својот став со кој освен извинување бараат да се корегираат и откупните цени на пченицата а не да се лаже дека се лаже.
Претходно шефот на кабинетот на министерот Николовски излезе со следната изјава со која ги навреди и искра земјоделците:
Доста е веќе со вакви изјави. Да не си играме и да не манипулираме со цената на пченицата. Тоа влијае негативно врз откупот а го користат и трговците. Идејата е да добиеме квалитетен конкурентен производ а не веднаш да зборуваме за ниски цени за да се добијат дополнителни два денара поддршка.
И да се договорат за повисока цена производителите треба да премолчат.
Ова е сензитивно прашање кое се повторува со години наназад. Лесно се излегува и се кажува цена. Ако некој е засегнат и дава изјава дека цената е таа потсвесно има интерес цената да биде пониска. Сите изјави ги следев. Во последните десетина дена имаше три. Едни велеа дека цената е седум денари други дека е осум. Всушност тоа се однесува на пченица што се откупува за сточна храна. Цената зависи од квалитетот. Каков квалитет на лебно зрно ќе се испорача таква цена ќе се добие.” – изјави тогаш Димковски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.