Неприфатливо е што 70 проценти од дозите на вакцини досега се дистрибуирани на граѓани од само 10 земји, а некои земји немаат ниту една доза, вели таа.

Објавил: Сара Фемина | 3 април, 2021 21:59

СТО: Компаниите мора да произведат доволно вакцини или да издаваат лиценци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фармацевтските компании треба да произведат доволно вакцини против Ковид-19 за сите луѓе во светот или доброволно да ја споделат технологијата со земјите во развој, изјави за Би-Би-Си новиот шеф на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала. Таа посочи на примерот со договорот на „Астра Зенека“ за трансфер на технологија на производител на вакцини во Индија, пренесе Inovativnost.

Ваквото доброволно предавање на лиценцa може да спаси многу повеќе луѓе“, вели таа во разговорот за Би-Би-Си.

Земјите во развој имаат неискористен капацитет, потребен ни е договор како што „АстраЗенека“ го склучи со Индискиот серумски институт“, рече шефицата на СТО.

Таа вели дека членовите на СТО се поделени околу предлогот за суспендирање на регулативите за интелектуална сопственост за повеќе компании да можат да произведуваат вакцини. Оконџо-Ивеала смета дека дека треба да се фокусираме на зголемување на производствените капацитети.

Неприфатливо е што 70 проценти од дозите на вакцини досега се дистрибуирани на граѓани од само 10 земји, а некои земји немаат ниту една доза, вели таа.

Светската здравствена организација (СЗО) во јануари објави дека повеќе од 39 милиони дози на вакцини се распределени на граѓани од 49 богати земји и една сиромашна земја има само 25 дози. Велика Британија порача 400 милиони дози и многу од нив ќе останат неискористени. Лондон најави дека најголемиот дел од вишокот ќе го донира на сиромашните земји, потсетува Би-Би-Си.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Новиот закон исто така ќе има обврска да ги обезбедува потребите на членовите на семејството за време на поднесувањето на апликациите за повторно обединување на семејството, што е воведено со привремениот закон.

Шведска ги заострува правилата за постојано вселување

Законскиот план на социјалдемократската влада во коалиција со Зелените, треба да го...

Успеавме да го моделираме влијанието на климатските промени според различните сценарија на растечки емисии на стакленички гасови врз екосистемот на Арктичкиот океан.

СЕВЕРНИОТ ЛЕДЕН ОКЕАН ОСТАНА БЕЗ МРАЗ? Научниците направија мрачна прогноза, до 2055 година сè ќе биде поинаку

Меѓународен тим на истражувачи предвидува дека Арктичкиот океан најверојатно ќе остане...

Воведени се нови ограничувања долж нормално отворените граници поради избувнувањето на жариштата на нови соеви на коронавирус, кои се шират побрзо и предизвикуваат повеќе случаи во Чешка и Австриски Тирол, објави Ројтерс.

ГЕРМАНИЈА ЗА КОНТРОЛИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ СО АВСТРИЈА-ЧЕШКА: Ова е привремено заради брзото ширење на нови видови на вирусот

Германија денес објави дека нејзината одлука за воведување гранична контрола со Чешка...

Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи на Институтот Гамалеја биле меѓу првите луѓе кои го добиле Спутник В.

РУСКАТА ВАКЦИНА ШТИТИ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ: Докажано колку долго вакцината обезбедува имунитет

Александар Гинзбург, директор на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и...