
Македонија
Вести
Магазин дојде до ексклузивни фотографии, каде се гледа голготата на Македонското Здравство.
Имено во приемного оделение се гледа како двајца пациенти примаат инфузија, додека на другите два кревети се гледаат два лешеви.
И додека министерот Филипче се фали дека се е под контрола, на фотографиите се гледа страв и трепет.
Дали е македонското здравство преде свршен чин? Како мисли минситерот Филипче да се бори против епидемијата, во вакви катасторфални услови.

Вчера излезе една информација дека Македонците сами се снаоѓале со лекови од странство, на нелегален начин, судејќи според ситуацијата многу е веројатно дека таа информација е сигурна.
Ако се знае дека сме во една кризна состојба, и ако се знае дека владата на Зоран Заев се задолжи за повеќе од две милијарди Евра, прашањето е повеќе од легитимно? Каде изчезнаа парите, за осовременување на Болниците сигурно не.
Македонскиот Активист Васко Белески, на својот профил напиша:
БАРАМ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА И ХИТНО ДА СЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА НА ЕКСПЕРТИ
Сликите се веродостојни.
Директорката на клиничката болница Битола, докторката Билјана Гагачовска, потврдува дека ова се случило вчера во болницата со која раководи, но дека не станувало збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.
Не поминаа 24 часа од кога Филипче се пофали дека:
Во моментов околу 500 легла имало во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на Клиниката за уво, нос и грло, и на хируршките клиники, извести министерот Филипче!
Додека дополнителни 100 кревети ќе се обезбеделе и од страна на приватните болници.
На работниот состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центрите на интерните клиники разговаравме за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ.
Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!
Министерството за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 387 новозаразени со коронавирус, а во изминатите 24 часа 35 пациенти починале, додека 528 оздравеле.
Најмногу заразени во моментов има во Скопје каде има 9837 активни случаи, потоа Тетово 989, Прилеп 965 и Куманово 940 активни случаи.
Во пет општини во Скопје бројот на активни случаи е над 1000.
Додека пак Мицкоски пишува:
Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни.
Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани. Епилогот е огромен број на починати.
Сепак очигледно за руралните средини нема болнички услови, пациентите се оставени буквално на милост и немилост!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.