Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 5 јули, 2022 5:42

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија, вели Бектеши

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија.

Ова го вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија.

Бектеши рече дека работниците главно доаѓаат од Турција, но дека економските услови во земјава бараат да се либерализираат процедурите и за другите земји.

„Речиси над 70% се заинтересирани само за првиот дел од годината…ако е бројката 5000, 70 проценти имаат апликации од бројот 5000, од ​​работници од странски земји кои пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали во градежништвото или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа“, истакна Крешник Бектеши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Храната, пак, поскапела за 21%, сметките за комуналии и трошоците за горива биле повисоки за 9,4%, додека рестораните и хотелите ги зголемиле цените за 12,3%.

РЕКОРДНА ИНФЛАЦИЈА ВО ЈУНИ ОД 14,5 ОТСТО Храната и транспортот најмногу поскапеа

Кај храната, најголем пораст на цената е забележан кај маслото за јадење од дури 51%....

На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи што ќе важат заклучно со 30 септември годинава.

Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите.

– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Според одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

Порача дека мерките секогаш се носaт во консултација со стопанските комори.

-Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините. Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, посочи Бектеши.

Поевтин леб и зејтин до 30 септември

На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи...

Тие велат дека без таа мерка нивното производство значително ќе поскапи, а ќе бидат принудени и да отпуштаат работници!

Саламите ќе поскапат до 30 проценти, масовно ќе се отпуштаат работници

Мерката за бесцарински увоз на замрзнато месо за преработки истече на 5 јуни, а сопствениците...