Владиниот економски тим за привлекување на странски директни инвестиции досега без успеси, а министерката Зорица Апостолоска само тотален анонимус

Објавил: Данаил Михајловски | 20 декември, 2018 16:30

Странски инвестиции и анонимната министерка!

Фото/Текст извор: ©магазин

Износот на сумата на странските директни инвестиции за третиот квартал во Република Македонија е минус 6 милиони евра, според податоците од министерството за финансии и Народната банка. Да, точно прочитавте, минус 6 милиони евра. Владиниот економски тим Анѓушев, Тевдовски, Шапуриќ, Аднан Ќахил и Љубе Бошковски, целосно потфрли.

Владата на Заев се фалеше дека странските инвестиции во првиот квартал биле 327 милиони евра, и дека тоа е многу добар резултат. Но, каде била манипулацијата на Заев и неговите министри. Се работи за следново.

Постоечките странски инвестиции дојдени во Македонија во времето на претходната влада (фирми како Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Ван Хол, Дрекслер Маер, Кромберт и Шуберт, Маркарт, Ки Сејфти Системс и други), имаат свои мајки фирми во нивните матични земји, и имаат свои ќерки фирми, а тоа се оние фирми кои се регистрирани во Македонија и преку кои е инвестирано во слободните економски зони. Овие ќерки фирми, регистрирани во Македонија, на почетокот на годинава, за потребите за своето работење, набавки и трошоци, земале заеми од нивните мајки фирми. Тие заеми, што како сума на пари од 327 милиони евра влегла во државата кај регистрираните инвеститори, економскиот тим на Заев лажно ги претставувал во Собранието, но и преку медиумите во јавноста, како странски инвестиции.

Ниту од трето гледање нема да погодите која е оваа министерка. Проблемот не е во вас. Проблемот е што министерката Зорица Апостолоска, задолжена за привлекување странски инвестиции, досега ниту привлекла странска инвестиција, ниту го привлекла вашето внимание. Министерка на Заев, без успеси.

Како се откри оваа манипулација? Прво, во република Македонија цели две години нема ниту еден новоотворен капацитет на странски инвеститор.

Освен отварањето на сендвичарата КФЦ во Сити Мол во Скопје, со 15 вработени, во државата не се појавил некој поголем, сериозен странски инвеститор.

Второ, во третиот квартал веќе почна враќањето на земените тековни заеми од ќерките фирми кон нивните заемодавачи во странство и бројките одат во минус.

Поточно, во третиот квартал, кај параметарот на странски инвестиции имаме резултат од минус 6 милиони евра, што недвосмислено покажува дека Заев и неговиот економски тим повторно лажеле дека има големи странски инвестиции во првото полугодие.

Но, како и секогаш, на лагата и се кратки нозете.

Заемите кои што ги земале постоечките фирми во ТИР-Зоните и понатаму ќе треба да се враќаат кон компаниите од каде ги добиле, така што за очекување е дека овој минус ќе продолжи да расте. Како што впрочем расте и минусот на економскиот тим на владата. А што друго да се очекува од Анѓушев, Тевдовски, Љубе Бошковски, Аднан Ќахил, Зоран Шапуриќ и анонимната министерка за странски инвестиции, Зорица Апостолоска, која досега не пресекла ниту една црвена лента со странски инвеститор.

Но, оваа министерка е толку неактуелна (down) што никој не може да се сети на неа и евентуално да и побара оставка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОДВОЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД НОВЧАНИКОТ: Од полноќ ќе возиме со поскапи горива!

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од два до 2,5 денари,...

– Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој извесувал за тоа оти таква информација има од МТСП.

ЦАРОВСКА: „Дезинформации се дека вработените пред пензија ќе имаат скратено работно време„

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации ги оцени...