Неверојатно е тоа што првото родено дете по катастрофата која се случи во 1986 година, денеска е живо, односно веќе е возрасна девојка која има 20 години. По нуклеарната катастрофа од 1986 година, Марика била првото родено бебе кое нажалост пиела озрачено мајчино млеко, но сепак успеала да се избори за денес да раскажува што поминала во животот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 13:51

Страотна приказна од Чернобил за првото родено бебе: Пиеше озрачено млеко и се бањаше со загадена вода но сепак преживеа (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Благодарение на мини серијата Чернобил која е достапна за корисниците на ХБО, која е базирана на вистинска приказна случајот со катастрофата во Чернобил се актуелизираше и се повеќе вистината испловува на виделина.

Неверојатно е тоа што првото родено дете по катастрофата која се случи во 1986 година, денеска е живо, односно веќе е возрасна девојка која има 20 години. По нуклеарната катастрофа од 1986 година, Марика била првото родено бебе кое нажалост пиела озрачено мајчино млеко, но сепак успеала да се избори за денес да раскажува што поминала во животот.

Марика ќе наполни 20 години и е сосема здрава девојка

Марика не се појавува во мини серијата но велат дека таа претставува симбол на чернобилската ренесанса, пишува „Мирор“.

Марика беше во центарот на вниманието, и ги полнеше насловните страници пред 19 години, кога стана првото бебе родено во близина на спорниот реактор со број четири. Но, пред серијата, со години ја немаше во медиумите. Таа наскоро ќе наполни 20 години. Марика моментално е студент на факултет во Киев, а „Сандеј експрес“ ја пронајде во главниот град на Украина. „Добра сум, работам“, рече таа.

Нејзините родители често пати се соочувале со непријатни ситуации, многумина ги осудувале дека всушност свесно ја убиваат својата ќерка, бидејќи не сакале да се отселат од опасната зона бидејќи властите не им понудиле алтернативно сместување.

Кога се родила, Марика во 1999 година, украинските власти се обидоа да го сокријат „срамот“ на нејзиното доаѓање во семејството на чернобилските работници кои нелегално живеат во зоната за евакуација од 30 километри. 

„Пливаше во реката каде што се рибите кои ги ловеше нејзиниот татко Михаил за да го прехрани семејството. Пиеше млеко од кравите кои се хранеа на чернобилските пасишта озрачени со нуклеарна експлозија“, пишуваа украниските весници.

Лидија Совенко, мајката на Марика постојано ги демантираше гласините за здравјето на својата ќерка.

„Ако луѓето мислат дека има две глави и дека е мутант, грешат. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво“, рекла мајката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во СВР Тетово во 17:20 часот пријавено е дека А.Л (35) по расправија со А.П (37) е повреден со остар предмет и добил убодна рана на левата нога

Едно лице повредено по расправија пред локал во Тетово

Триесет и петгодишен тетовец е повреден со остар предмет од две години постар сограѓанин...

– Бог се јави нека е честит и вечен празникот, како и сите години така и оваа година. Според преданието на црквата, светиот крст се спушти во реката Брегалница симболизирајќи ја реката Јордан и крштевањето господово. Од ова место од градот Штип посакуваме мир и благослов на сите луѓе, истакна г. Иларион.

ВЕРНИЦИТЕ СЕ ИСПОТЕПАА ВО ШТИП, ПОПОТ СЕ НАЛУТИ И ГО ВРАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ЦРКАВАТА

Се испотепаа верниците во Штип за светиот крст кој бепше изваден од двајца верници...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

26-годишниот Кристијан Ниновски го извади крстот од водите на Вардар

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади...