Во сообраќајката загинаа 5 лица на возраст од 37 до 54 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 22:45

Страотно видео: Еве што остана од реното во кое вчера загинаа 5 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Видео од страотната сообраќајка во која вчера загинаа 5 лица во скопската населба Драчево објави телевизија Сител.

Во сообраќајката загинаа 5 лица на возраст од 37 до 54 години.

Реното во кое загина цело семејство

Несреќата се случи синоќа околу 23.40 часот на булеварот „Борис Трајковски“, откако автомобил „рено 5“ удри во камион за смет на „Комунална хигиена“. Како што информираа утринава од МВР, со автомобилот управувал 43-годишен скопјанец со иницијали Јованче Лазаров кој починал на лице место. На местото починале и сопатниците С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје. Возачот на камионот, 44-годишниот М.Ј. пак се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Лекарите Кај него констатирале тешки повреди на главата и градниот кош а денска е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Жител на Драчево раскажува за страшната глетка која ја затекнал идејќи си накај дома.

– Кога стигнав овде, синоќа патот беше блокиран, имаше многу полициски возила, страшна беше сликата. Загинатите веќе беа починати и покриени со чаршави“, изјави скопјанецот за А1он.

Тој изјави дека најверојатно брзото возење е причината за големата трагедија која однесе 5 животи.

– Кон Драчево се вози многу брзо, ретко кој почитува сообраќајни знаци, никој не врзува појас.Овде спас е на секои 50 метри да има полиција, за да не ни се случуваат вакви работи“, рече тој.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај...

Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Поранешен пратеник објави шокантни информации: Синот на Катица Јанева директно инволвиран во “Рекет”

Веле Митаноски кој е поранешен пратеник во македонското Собрание, објави шокантни...

Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Љубомир Спасиќ е првиот Македонец кој освои Европски куп во кајак! (ВИДЕО)

Љубомир Спасиќ  од Велес е првиот Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината...