„Во нападот загинаа 28 лица, а 13 беа повредени“, наведува агенцијата.

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 декември, 2020 21:24

СТРАШЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО СИРИЈА: Нападнат автобус, убиени најмалку 28 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во терористички напад врз автобус во Деир ел Зор, Сирија, загинаа 28 лица, јави државната агенција САНА.

Автобус со цивили бил нападнат на патот Дале ел Зор-Палмира.

Околу 16 часот, од терористи беше нападнат автобус на автопатот Деир ел-Зор-Палмира во близина на населбата Кабајеб!

„Во нападот загинаа 28 лица, а 13 беа повредени“, наведува агенцијата.

Иако терористите од Исламска држава повеќе не контролираат официјално ниту една територија, постојат обвинувања за нивно присуство во пустината помеѓу реката Еуфрат и Палмира.

Според податоците на Обединетите нации, поради граѓанската војна, 6,7 милиони Сиријци, од кои 2,5 милиони деца, ја напуштиле сопствената татковина!

За време на граѓанската војна во Сирија раселени се милиони деца, а повеќе од 29.000 деца се убиени, главно од силите на режимот на Башар ал Асад и неговите поддржувачи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обединетите нации кои секоја година на 4 јуни организираат Меѓународен ден на децата невини жртви на судирите, сакајќи да потсетат на нивната посветеност кон правата на децата, уште еднаш потсетија дека децата ја плаќаат цената на граѓанската војна во Сирија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.