Трагедијата настана откако туристички брод се судри со друг брод на Дунав во близина на центарот на Будимпешта.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 мај, 2019 11:17

Страшна сообраќајка во Будимпешта, седум мртви и над 20 исчезнати (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку седум лица загинаа а 21 се водат како исчезнати по трагедијата која ја зафати Будимпешта.

Трагедијата настана откако туристички брод се судри со друг брод на Дунав во близина на центарот на Будимпешта.

Екипа од 96 пожарникари трагала по исчезнатите, а за среќа брзата помош навреме стигнала

Страотната несреќа се случила во близина на унгарскиот парламент, а при судирот еден од бродовите, на кој имало главно туристи, се превртел и потонал, при тоа седум од патниците завршиле со полесни повреди и биле веднаш префрлени во болница. На бродот што потона во моментот на несреќата имало 33 патници од Азија и двајца членови на унгарскиот екипаж, јави државната телевизија, повикувајќи се на полициски извори.

Еккипа од 96 пожарникари трагала по преживеаните патници, со помош на бродовите паркирани од страна кои ја осветлиле реката со рефлектори.

Портпаролот на компанијата во чија сопственост е бродот „Сирена“ соопшти дека немало никакви индикации дека бродот има проблеми.

„Не можеме да потврдиме зошто потона бродот, ова беше сосема обичен ден и ова е редовно патување. Немаше никакви назнаки дека вакво нешто може да се случи“, изјави портпаролот.

Јужнокорејската агенција Јонхап јави дека на унгарскиот брод имало патници од Јужна Кореја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Денеска во Австралија илјадници ученици излегоа  на улиците на поголемите градови , како најава за протестот што ќе се одржи во целиот свет и во кој младите бараат од политичарите да преземат итни мерки против климатските промени.

Протест против климатските промени ширум светот- масовна излезеност во Австралија, милиони се очекуваат во Њујорк

Во околу 150 земји ширум светот младите ученици организираат протести против климатските...

Тој присуствува на состанокот на Воениот комитет на НАТО, кој се одржал во Љубљана минатата недела, а теми на средбата биле Авганистан, Ирак и Косово.

НАТО во паника: Американски генерал јавно признал: Русија не престигна, итно ни е потребна нова тактика

НАТО ја губи воената предност над Русија, поради што е покрената редефиниција на стратегијата...

Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Макрон со помош на апликација ги контролира своите министри и нивната активност

Францускиот претседател Емануел Макрон користи апликација со која има пристап до...