Најмалку 16 луѓе загинаа а 28 се повредени кога туристички автобус се превртел на автопат недалеку од Софија соопштија бугарските власти.
На лице место загинале 13 а тројца на пат кон болница. Несреќата се случила на 20 километри северно од Софија.
Според информациите од бугарските медиуми автобусот од засега непознати причини удрил во неколку автомобили се превртел и паднал во клисура. Поради инцидентот сообраќајот е во прекин.
Четири болници во главниот град се мобилизирани за да ги примат повредените лица. Полицијата соопштила дека автобусот превезувал туристи кои оделе на викенд патување во блиските одморалишта.
Повредените се хоспитализирани а некои се во сериозна критична состојба изјавиле медицински лица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.