Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О'Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).

Објавил: admin@magazin | 26 јануари, 2020 21:15

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Загина славниот кошаркар Коби Брајант

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Легендарниот кошаркар Коби Брајант (41) загина во несреќа со хеликоптер!

Ужасните информации ги потврди локалниот шериф. Истиот извор наведува дека покрај славниот кошаркар Брајант, загинале уште четворица.

Несреќата се случила во Калабасас, Калифорнија, во неделата наутро по локално време во услови на магла.

Хеликоптерот се запалил, потоа се урнал. Во несреќата загинале сите патници.
Според првичните информации, сопругата на Коби, Ванеса не била во хеликоптерот.

Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“.

Коби Брајант е американски професионален кошаркар, кој игра во НБА лигата за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“ и е син на поранешен НБА играч Џо Брајант. Тој е висок 198 см, тежок 95 кг и игра на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.

Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О’Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).

На 5 март 2003 година, Брајант постанал најмладиот играч во историјата на НБА со постигнати 10 000 поени, со 24 години и 193 дена), а подоцна, постанал и најмладиот играч со постигнати 25 000 поени.

На почетокот на декември 2012 година, Брајант се запишал во историјата на кошарката на тој начин што влегол во кругот на кошаркарите од НБА кои во кариерата постигнале над 30 000 поени. Имено, на натпреварот против “Њу Орлеанс Хорнетс”, Брајант постигнал 29 поени,со што станал дел од клубот “30 000”, во друштвото на големите имиња од НБА, како: Карим Абдул Џабар, Карл Мелоун, Мајкл Џордан и Вилт Чемберлен. Притоа, на возраст од 34 години, Брајант постанал најмладиот кошаркар кој во својата кариера успеал да постигне толку поени.

Во декември 2014 година, на мечот против „Минесота“, Брајант го преминал Мајкл Џордан и постанал трет најдобар стрелец во историјата на НБА, со вкупно постигнати 32.310 поени.

 

Коби Брајант е американски професионален кошаркар, кој игра во НБА лигата за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“ и е син на поранешен НБА играч Џо Брајант. 

На 22 јануари 2006 година, во мечот против „Торонто Рапторс“, Брајант постигнал 81 поен, постанувајќи втор најдобар стрелец на еден натпревар во историјата на НБА, по Вилт Чемберлен, кој постигнал 100 поени.

Во 1997 година, Брајант победил на натпреварот во забивање во рамките на ревијалниот натпревар „Ол стар“. исто така, тој има освоено една награда за најдобар играч во НБА (MVP) во сезоната 2007-2008 и има пет шампионски прстени, односно бил пет пати шампион на НБА, од кои, двапати бил прогласен за најдобар играч (MVP) во финалето.
Во февруари 2016 година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 поени.

Коби со години патувал со хеликоптер, така одеше и на натпреварите додека тој играше за Лејкерс. Коби зад себе ги остави неговата сопруга Ванеса, како и нивните четири ќерки.

Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА. Притоа, во натпреварот против „Јута џез“, одигран на домашен терен, во „Стејплс центарот“ во Лос Ангелес, Брајант постигнал 60 поени.

Така, тој станал петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во едне клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали.

http://https://www.youtube.com/watch?v=Zg3j6anDU6U&feature=emb_title

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.

ПОЧИНА ПОРАНЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА ПАРТЕНКО

Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство – синоќа ненадејно...

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!

ФУДБАЛОТ ВО ТАГА: Почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери...