Од МВР информираат дека утринава во 1:15 часот во СВР Скопје, К.С.(29) од Мирковци пријавила дека на вчера околу 21 часот во семејниот дом во селото, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата Д.П.К., а потоа и нејзиниот сопруг Д.К. ѝ упатувал закани по живот.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 18:31

СТРАШНИ ИНЦИДЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Истепана снаа во скопско, а сопругот и се заканувал дека ќе ја убие, насилство и во Куманово

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Снаа од скопското село Мирковци вчера физички била нападната од свекрвата, а сопругот ѝ се заканил дека ќе ја убие.

Од МВР информираат дека утринава во 1:15 часот во СВР Скопје, К.С.(29) од Мирковци пријавила дека на вчера околу 21 часот во семејниот дом во селото, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата Д.П.К., а потоа и нејзиниот сопруг Д.К. ѝ упатувал закани по живот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

И во Куманово се случило насилство.

Во полициската станица во Кичево вчера е пријавено дека Л.Р. (25) физички нападнал 17-годишна девојка со која бил во вонбрачна заедница.

Напаѓачот е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот Стефан Димовски од СВР-Охрид.

Исто така МВР информираше за сообраќајките во Скопје.

– Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а три лица со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој се движел со поголема брзина од дозволената, шест возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и две возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање е издадена една казна, а со специјалното возило „пајак“ подгианти се 82 возила.

Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...