Метеролозите и денеска најавуваат нестабилно време.

Објавил: Весна Петровска | 11 јули, 2019 9:53

Страшното време направи пустош во Љубаништа – целиот камп руиниран

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Страшно невреме го зафати вчера охридското крајбрежје, силниот ветер направи вистински пустош во кампот Љубаништа, уништени се дел и од приколките и шаторите.

Фотографиите сведочат за страшното невреме.

Кампот „Љубаништа“ руиниран од синоќешното невреме

Метеролозите и денеска најавуваат нестабилно време.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.

Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Денеска по три години започнува судењето за организаторите на насилствата од 27 април...

Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Нетпрес: Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни...