Свет
Трагедија
Урош Младеновиќ (2) добил тешки повреди на ногата, кога неговиот дедо Батица Младеновиќ, во нивниот двор поминал со тракторот преку ногата од детето.
Двегодишниот Урош Младеновиќ, тешко е повреден кога во селото Џакус кај Житораѓа, во дворот од семејната куќа, со трактор го прегазил неговиот дедо, Батица Младеновиќ.
Несреќата се случила во неделата околу 11 часот. На малиот Урош предната тракторска гума му преминала преку неговото тело и левата нога. Батица Младеновиќ за Курир.рс изјави дека преживеал голем стрес, кога разбрал дека неговиот внук се наоѓал под тракторот.

Јас не го видов воопшто. Возев и приметив дека тракторот одскокна. Одма го изгасив моторот и излегов од кабината, рече вознемирениот дедо Батица.
Тој плачеше и тоа што му го слушнав гласот, ме охрабри. Дедото не бил под дејство на алкохол, бидејќи не пие повеќе години.
Таткото на повреденото дете рече дека неговиот син се опоравува во Клиничкиот центар Ниш и дека неговата мајка е цело време со него. Детето во неделата си играло во дворот, а дедото ја местел приколката на тракторот.

Дворот е многу мал, а мојот син истрча кај дедото, со намера да се качи на тракторот. Меѓутоа не обратил внимание што се случува, и со тракторот возел наназад. Сите истрчавме кога слушнавме како плаче затоа што надвор беше сончево. Одма го зедов мојот син и со сопругата го ставивме во автомобилот и го однесовме во болницата, изјавува вознемирениот татко.
На детето му е нагмечена ногата. Оперисан е во Ниш и фала му на бога тој е добро. Среќа е што гумата само го закачила, бидејќи тракторот е мал и не е многу тежок. Спречена е голема трагедија, рече тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Трагедија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.