
Живот
Хроника
Во пожар во стан во Штип изгоре 30 годишно момче, дознава ТВ21. Според првичните неофицијални информации причина за пожарот било вклучено грејно тело.
За во текот на денешниот ден се најавуваат повеќе инфромации. На терен излезени се екипи на Противпожарната единица, брза помош и полиција, а врз телото на момчето наредено е да се изврши обдукција.
За 24 часа ова е трета жртва во пожарт, откако вчера во пожар во Шутка загинаа две малолетни деца.
Вчера две деца загинале во пожар во населбата Шуто Оризари откако избувнал пожар во една куќа.
Пожарот за кратко се раширил и зафатил дел од околните куќи. Гореле четири од нив.
Според МВР, пожарот избувнал во куќа на улицата Брсјачка буна, по што се проширил на три други куќи. Куќата целосно изгорел, а на местото се упатени екипи за итна медицинска помош.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.