Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.

Објавил: Весна Петровска | 9 декември, 2019 11:19

СТРАШНО: Напаѓачот кој прободе дете со нож во Бутел има само 12 години

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откриени се нови детали за прободувањето на малолетното момче во скопската населба Бутел.

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.

Како што информираат од МВР, таткото на 12-годишникот, ќе добие кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи токму неговиот син замавнал со ножот.

Малолетниците на 06-ти декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажана лекарска помош во градската болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава против родителот е поднесена бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривично дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Заради спречување на тепачката, како што информираат од МВР, полицаецот со службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, пришто тепачката престанала.

ИНЦИДЕНТИ ВО КРУШЕВО: На Гумење се тепале коњаници од Лисиче

На Гумење, во Крушево ноќеска се тепале коњаници од Лисиче, а полицаец пукал во воздухот...

По вечерашниот инциденто во Градската општа болница „8 Септември“ се огласи министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека група од неколку лица се обидела насилно да земат тело на почината од коронавирусот.

Инцидент во болницата „8-ми септември“, вооружени се заканувале на докторка – приведени две лица

Шест лица вчера беа приведени во полициската станица Гази Баба по инцидентот и заканите...

Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.

Синот на Амди Бајрам пијан удрил во два автомобила на „Партизанска“, па тепал со боксови

Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“, лицето...