Невремето околу 15 часот стигнало и до Загорје, како и во Кумровац, Горен Јесењ, Дуковац, Грегуровац, Костел, некои делови од Лобор, Стари Голубовац, Крапин, и други.

Објавил: Перо Милчин | 22 јуни, 2019 20:08

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ХРВАТСКА: Поплавени куќи и автомобили!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска во попладневните часови Хрватска ја зафати силно невреме, проследено со поројни дождови и град.

Големо невреме проследено со силен ветер и врнежи во попладневните часови го погоди централниот дел на Хрватска.

„Водата почна да влегува дома од под вратата, па се обидувавме да спречиме. Околните дворови исто така се под вода. Невремето удри и на паркираните автомобили“ изјавила жителка на Сисак.

Страшното невреме околу 15 часот пристигнало и до Загорје, како и во Кумровац, Горен Јесењ, Дуковац, Грегуровац, Костел, некои делови од Лобор, Стари Голубовац, Крапин, и други.

Во Далмација во текот на ноќта ќе има силни грмежи и ветер. На Јадранот пак утре се уште ќе има врнежи во северните и централните делови, а во понеделник ќе дојде до разведрување.

Минатиот месец големи количества дожд наврнаа во Медулин, каде за само неколку часа падна воден талог колку за еден месец. На повеќе места низ Хрватска врнеше силен дожд со град, а кај реката Мирна беше прогласена вонредна состојба пред излевање и се поставуваа вреќи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Извори цитирани во други медиуми различно тврдат дека американскиот претседател се шегувал или сериозно се надевал да ја прошири територијата на САД.

ГРЕНЛАНД МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП: “Не сме на продажба”

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите...

Четиригодишното девојче било тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад.

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобил прегази 4-годично девојче и нејзината дадилка!

Малолетно девојче вчера било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани...

Планот опфаќа изградба на три нови регионални болници, за коишто средства издвои и Европската Унија.

“МЕТАЛИКА“ донираше 250.000 евра за изградба на детска онколошка болница во Букурешт!

Американскиот хеви-метал бенд „Металика“ донираше 250.000 евра на романското здружение...