Жално..

Објавил: Калина Мартинска | 16 март, 2025 14:58

Струмица се простува од сограѓанинот Ѓорѓи, тапанар на ДНК, кој загина во дискотеката во Кочани

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во градот Кочани.

„Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Филип Стевановски, член на бендот ДНК загина во дискотеката во Кочани

Досега, 59 лица загинаа, над 150 лица се повредени.

Од Горѓиев се прости и неговиот брат:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести