Предупредување од директорот на Токсикологија

Објавил: Калина Мартинска | 7 јули, 2024 15:20

Струмичанец го каснала „црна вдовица“, итно хоспитализиран на Токсикологија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев преку социјалните мрежи се обрати со совети и со предупредувања за временските услови овие денови кои, вели, многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни.

Чибишев посочува дека добива и пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии. Докторот истакнува и дека одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје ако ве каснат можат сериозно да ви го нарушат здравјето.

Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,,црна вдовица“ ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот, информира директорот на Токсикологија.

По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.

Пациентот, истакнува Чибишев, е во стабилизирана здравствена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести