Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје. Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза.

Објавил: Владо Марин | 15 октомври, 2020 15:16

Студентите од шестта година по општа медицина се вклучија во поддршка во борбата против ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Студентите од шестта година по општа медицина активно се вклучуваат во поддршка на своите колеги во борбата против ковид-19.

Денеска едногласно рекоа дека сакаат и можат да помогнат во периодот кој следува.

Нивниот ангажман ќе биде помош на колегите епидемиолози во телефонска комуниција со пациентите, изработка на епидемиолошки анкети и обработка на податоците, изјави министерот Филипче!

Во наредните шест месеци, на секои два месеци по 50 нови студенти ќе бидат ангажирани во Центрите за јавно здравје.

Со ова, тие ќе им помогнат на здравствените работници кои го носат најголемиот товар во оваа криза.

Идните лекари, освен што ќе стекнат искуство, ќе ја реализираат и клиничката пракса по јавно здравје која ја извршуваат во шестата година од студиите и истата ќе им биде признаена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.