- Досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 август, 2019 16:59

СУГАРЕВСКИ: “Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме”

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски на денешната прес конференција рече дека Владата ги исполнува сите ветувања што ги дала пред граѓаните на Република Македонија.

Сугаревски на денешната прес конференција рече дека интензивно се работи на унапредување на целокупната инфраструктура во Македонија. Тој вели дека во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестиции во инфраструктурата.

– Досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.

– Го завршивме автопатот Миладиновци- Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатот мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари. Ги решивме сите недоследности и пропусти што ги наследивме од ВМРО-ДПМНЕ и го пуштивме во сообраќај и автопатот од Демир Капија до Смоквица, – рече министерот.

„Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме.

Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура. Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени. Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ И СУВИ КОЛОВОЗИ НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Ве известуваме дека на...