Тој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првиот квартал од годинава.

Објавил: Стојче Бушин | 25 април, 2020 14:16

Сугарески: „Капиталните инвестиции не запираат и во време на оваа пандемија, проектите се во тек а градежните работи се одвиваат непречно”

Фото/Текст извор: ©Магазин

Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција.

Тој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првиот квартал од годинава.

Министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски изнесува 10 проценти.

Потенцираше дека активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на преку петстотини социјални станови, пренесува Канал 5!

За изградба на канализации и водоводи реализиравме 21 процент од планираните средства преку Европската инвестициона банка и 15 проценти за проектите преку КФВ банката. Интензивно работиме и на изградба на комуналната инфраструктура во Индустриската зона Визбегово, се работи и во Битола, Кавадарци, Радовиш, Велес, Теарце, Липково, Чашка и други општини во државата. Во делот на изградба на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола имаме 86 проценти реализација, додека гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар бележи реализација од 58 проценти. За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17 проценти од планираните средства, а во однос на делницата Бељаковце-Крива Паланка сакам да истакнам дека тендерската постапка за избор на изведувач е во тек и очекуваме до крај на годинава тендерот да заврши. Започнавме изградба на три нови згради за социјално ранливи категории на граѓани или вкупно се градат 506 станови во Неготино, Виница, Свети Николе, Пробиштип и во Бутел”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески додаде дека исплатени се 21 милион денари за финансиска поддршка за нови авиолинии, но поради настанатата состојба договорот со авиокомпанијата Визер Ер е ставен во мирување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај