– Расправата се презакажува по барање на надлежниот Јавен обвинител и еден од бранителите во постапката поради службени обврски, па заради економичност на постапката странките се веќе известени за новите термини, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Објавил: Мате Парлоф | 15 април, 2022 10:10

Судењето за „Титаник 1″ одложено за 9 мај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Главната расправа за предметот со КОК бр.28/22 од обвинителството означен како „Титаник 1″ насрочена за денеска од 12:00 часот се презакажува за 09.05.2022 година од 10:00 часот, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

Расправата се презакажува по барање на надлежниот Јавен обвинител и еден од бранителите во постапката поради службени обврски, па заради економичност на постапката странките се веќе известени за новите термини, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во „Титаник” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постоењето на бункери не е новообичаено и низ историјата и во сегашноста ги има и во САД, Австралија и на други места.

Бункерите во Албанија сведочат за минатото, се бараат алтернативни решенија за користење

Последниве две години особено, Албанија бележи рекорден раст по бројот на странски...

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицкоски за Маричиќ: Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера ги коментираше денешните случувања...

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително...

Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се забележува многу голем извоз на одредени земјоделски производи и порача дека Владата нема намера да субвенционира производи за други држави.

Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки, вели Бектеши

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето...