
Македонија
Вести
Судија на претходна постапка во кривичниот суд во Скопје донел одлука да им го замрзне имотот на некои од осомничените правни лица во истрагата на СЈО за Поштенска банка.
Како што се дознава, замрзнати се недвижности на осомничените Ратко Димитровски и Томе Главчев, „Ноел експорт-импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани.

Одлуката била донесена вчера попладне. Недвижностите не смеат да се продаваат или отуѓуваат.
Судот им го одби барањето на СЈО за притвор на поранешниот градоначалник на Кочани и сопственик на печатницата ,,Европа 92″ и останатите осомничени за кои беше побарана оваа мерка. Наместо тоа им ги одзеде пасошите и им наложи да се јавуваат редовно во судот.
Истрагата „Поштенска банка“ е финансиска истрага во рамки на која девет лица се осомничени за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба“ и „овластување, перење пари и други приноси“ од казниво дело од член 273 од КЗ.
Со истрагата се опфатени Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитревски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.
Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
Сепак, поради застареноста на кривичното дело, СЈО во овој случај нема да ги гони Георгиевски, Ѓорчев и Груевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.