Од клучниот сведок Гоце Трајковски нема ниту трага ниту глас

Објавил: Калина Мартинска | 20 јануари, 2025 11:18

Судот не го прифати барањето на Палевски за промена на судијата Стефановски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановска од судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го бараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, а одлуката ја добил на ден пред новата година.

Истовремено, на судењето не е присутен Гоце Трајковски, кој е еден од клучните сведоци кога станува збор за потрагата на Вања. Тој заедно со таткото собирал видео снимки, преземал активности за пронаоѓање на детето.

„ПС Бит Пазар известува дека не му извршена достава на поканата на Гоце Трајковски, истиот не е достапен на органите на прогонот на наведената адреса“, рече судот.

Истовремено, Обвинителството останува на барањето Гоце Трајковски да биде испитан како сведок.

„За него ОЈО не го повлекува предлогот на негово испитување бидејќи по завршување на постапката тој може да стане достапен на органите на прогонот и да биде испитан во полза на оваа постапка“, рече обвинителката.

Трајковски не е достапен откако против него, Обвинителството започна друга постапка каде е осомничен, а се однесува на запален објект во Кисела Вода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести