Јован Вангеловски е разрешен

Објавил: Узунов Бобан | 10 септември, 2019 14:31

Судскиот совет го разреши Јован Вангеловски

Фото/Текст извор: ©магазин

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Разрешувањето на Вангеловски е поради одлуката да го спаси од притвор бизнисменот Сеад Кочан во предметот „Труст“ на СЈО.

Вангеловски е разрешен со 7 гласа од 10 членови на Советот.

Седницата на која имаше повеќе точки на дневниот ред, почна во 10:30, а заврши во 13:30 часот. Тричлената комисија за извештајот за Вангеловски ја сочинуваа Лидија Каначковиќ, Владо Богдановски и Сашо Ѓорѓиевски.

Сега Вангеловски има право на жалба до Врховниот суд. Разрешување за него беше побарано во декември 2017 година.

Вангеловски без ден судиски стаж, со три години искуство како стручен соработник во Окружниот стопански суд и 20 години адвокатско искуство во мај 2008 година беше избран за судија на Врховниот суд, во граѓанскиот оддел.

Два месеца по изборот, беше избран за претседател на Врховниот суд, функција што  ја вршеше до 2012 година. По мандатот на Лидија Неделкова, во 2017 повторно на итна седница на Судскиот совет беше избран за претседател на Врховниот суд.

Вангеловски во 2015 година беше споменуван и во прислушуваните телефонски разговори на опозицијата во негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт, Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.

Тој беше повикан и на распит во скопското обвинителство за сомнеж за местење предмети во судот и изигрување на АКМИС-системот и годишните распореди за работа на судиите, но обвинителетвото не го осомничи.

Вангеловски е кум со поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски. Првиот човек на Врховен е правна војна со тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јово Вангеловски има долг анкетен лист. Во имотниот лист наведл дека има четири стана во Скопје, деловен простор, градежно и земјоделско земјиште. Вози „мерцедес“ Е 300, кој го купил во 2013 година, а освен тоа во гаражата на семејството Вангеловски уште има и „лексус“, „тојота“ и „крајслер“.

Поседува многу акции од кои зема дивиденда, а има и неколку кредити. Претседателот на Врховен е љубител на уметнички слики, а поседува сребрен и златен накит и два рачни часовници „Картие“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

„Прости ми“, „простено да ти е- во недела е Прочка- ова се обичаите за големиот празник

Во недела е големиот христијански празник Прочка или Велики поклади — ден...