Живот
Рецепти
Ова е малку модернизиран крашник, но во основа е струмички рецепт.
Наоколу се става брчкани кори врз една поголема, по желба фил, големата кора се префрла преку крашниците, се мести како фалти или поинаку, а во средина се става фил по желба.

Состојки
600 гр брашно
1/2 квасец
1 мало лаж. шеќер, малку брашно и сол за квасецот
300 мл вода или колку е потребно да се замеси
3-4 лажици зејтин
1 јајце
150 гр кисело млеко
1 жолчка за одозгора
80 гр коцкички маргарин за одозгора
спанаќ
250 гр сирење или по желба
Постапка
Тестото направете го по желба, јас додадов јајце и кисело млеко, малку е лепливо, но со зејтинче и брашно се работи добро.
Стасува квасецот, брашното се просејува, се додаваат сите состојки, освен зејтинот, жолчката и маргаринот и се меси меко тесто.
Стасува покриено околу половина час до 45 мин. Потоа се размесува и се дели на 1 поголемо и 4 помали делчиња.
Се сукаат 5 кори, колку е можно потенки, се оставаат да се сушат на бели чаршави.
Големата кора за дното на тавата, а малите за краишниците. (Јас направив 2 мали зелника, значи имав 2 големи кори и по две брчкани внатре, зашто така ми одговараше.)
Големата кора се става на намастена тава прва, а краевите и се надвор од тавата. На другите четири кори се става сирење и зејтинче, една по една се набираат од двете страни, и се ставаат по ивиците на тавата врз првата кора во круг како крашник.
Се прска зејтин, а краевите што висат од првата кора се префрлуваат врз крашникот, се прави како фалти, во средина се става филот, спанаќот кој е испржен малку за да му излезе водата.
И секако сирење се меша, а може и да се зачини.
Стасува уште малку, се мачка со жолчка, се става парчиња маргарин. Се пече на 220 околу 1/2 час, но да се внимава на бојата, јас на 15 -тата мин. покривам со фолија.
Се покрива со крпа, но не го задушувам целосно, повеќе сакам кога е крцкав.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Рецепти
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.