Македонија
Вести
По најавите на раководството на ВМРО – ДПМНЕ, дека се разгледува можноста за продажба на објектот на партиското седиште, денес на барање на СЈО, Судот го замрзна имотот.
Имено по барање на Специјалното Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата.
Мерката доаѓа по најавата дека за целосна реорганизација на партијата ќе се употребат парите од продажбата на огромниот објект, со со оваа мерка е неможно.
Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот.
Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир”, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката. – велат од СЈО.
Истрагата за „Талир” се однесува на незаконското финансирање на ВМРО – ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 5 милиони евра.
Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и поранешниот претсеадтел на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.